Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСорос бега од Алибаба, ги продал речиси сите акции

Сорос бега од Алибаба, ги продал речиси сите акции

Фондот на американскиот милијардер Џирџ Сорос го продал речиси целиот удел во кинеската Групација Алибаба, чиј бизнис се темели на е-трговија. Според извештајот кој би доставен до американските регулатори, фондот на Сорос заклучно со 30 јуни продал 60.000 екции на Алибаба со вкупна вредност од 4,88 милиони долари, јавува АФП.

Продажбата на акциите следува откако кинескиот гигант во онлајн трговијата „Алибаба груп“, почна да забележува загуби поврзани со лошата состојба во кинеската економија. Џорџ Сорос поседувал 370 милиони долари во акции на фирмата минатото тримесечје. Акциите на „Алибаба груп“ се паднати за 26% од почетокот на годината. Компанијата е најголемата платформа во Кина за онлајн трговија.

Фондот на Сорос ги продал и акциите во кинескиот интернет пребарувач, а купи во Time Warner и Facebook.