HomeДЕНЕШНАПолитикаСопственичката на МИТ обвини за реваншизам, универзитетот ќе работи

Сопственичката на МИТ обвини за реваншизам, универзитетот ќе работи

Билјана Апостолова, сопственичката на МИТ Универзитетот посочи дека претресот на МВР е завршен и дека студентите може да ја продолжат наставата. Исто така обвини дека е на мета на власта поради реваншизмот на избрканите професори Оливер Андонов кој сега е заменик министер во МВР и Тони Науновски и двајцата членови на ГДОМ

Апостолова рече дека Андонов и Науноски при оставките кои си ги дале од МИТ, тие поднеле и сериозни обвинувања за правниот факултет и факултетот за психологија при универзитетот. За Андонов вели дека не доаѓал на работа и дека постојано бил по телевизии, а дека Науновски малтретирал студентки и колеги.

– Науноски малтретираше колеги и студенти од понежниот пол. Една вработена си замина поради тоа, но јас не поверував, бидејќи до сега се немаше тоа случено, рече Апостолова.

Откако го напуштиле МИТ сопственичката на Универзитетот посочи дека на Оливер Андонов и Тони Науноски им биле одземени титулите Доктор на науки, но не кажа од која причина.

Извор: A1on.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com