HomeДЕНЕШНАПолитикаСопругот на Јанкулоска поднесе оставка од функцијата во Македонска берза

Сопругот на Јанкулоска поднесе оставка од функцијата во Македонска берза

Влатко Илиевски поднесе оставка на функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза, јави Фактор.мк.

„Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, известуваме дека со Решение на Централен Регистар на Република Македонија од 03.10.2016 година извршено е бришење на Влатко Илиевски од функцијата независен неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје поради поднесена оставка“ – информираат оттаму.

Станува збор за сопругот на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Илиевски, како поранешен советник во кабинетот на претседателот на Владата е поставен за независен член на одборот на директори на Македонска Берза во 2013 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com