Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСопругата на Ратко Младиќ му даде алиби за злосторствата во Сребреница

Сопругата на Ратко Младиќ му даде алиби за злосторствата во Сребреница

Сопругата на поранешниот лидер на босанските Срби Ратко Младиќ, Босилка, сведочела во негова одбрана, јавува Радио Сараево, повикувајќи се на БЕРН Од Белград. Таа му дала алиби на сопругот со тврдењето дека во јули 1995 година бил со неа во Белград, во време кога е извршен масакрот врз Бошњаците во Сребреница.

Босилка Младиќ пред Хашкиот трибунал тврдела дека деновите по паѓањето на Сребреница ги поминале заедно во нивниот стан во Белград. Прецизирала дека на 16 јули 1995 година заедно биле на свадба, а потоа на средба со српските иселеници на Воено-медицинската академија. Таа изјавила дека нејзиниот сопруг не можел да го изврши злосторството и дека не треба да биде осуден.

На Ратко Младиќ му се суди за геноцид во Сребреница и неколку други општини, за прогонување на несрпското население, тероризирање на граѓаните на Сараево и киднапирање на припадници на УНПРОФОР.

Младиќ живееше слободно се до екстрадицијата на Милошевиќ, а потоа една деценија беше во бегство. Неговата сопруга рече дека таа немала никаков контакт со него во тоа време. Додаде дека најмалку шест месеци пред неговото апсење, таа била убедена дека тој веќе не е жив, бидејќи во 1996 година, доживеал мозочен удар и „најверојатно живеел во тешки услови“ во бегство. Судењето продолжува.