HomeДЕНЕШНАПолитикаСопатничката на Диме Спасов попладнево по трет пат го сменила исказот во полиција

Сопатничката на Диме Спасов попладнево по трет пат го сменила исказот во полиција

dime-spasov

Сопатничката на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, Тамара К. денеска по трет пат го сменила исказот даден во полиција за настаните во петокот спроти сабота доцна навечер, пишува Либертас повикувајќи се на извори во МВР.

Таа вечер на полицијата и потврдила дека возач бил Спасов, што е запишано и во полицискиот билтен. Тамара вечерта не споменала дека биле нападнати од било кого, што го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Утврдено е дека во возилото имало сопатник, Т.К. која дала изјава своерачно потпишана дека лицето Д.С. управувал со возилото и дека немало никакви дејствија, дека никој не тропал или удирал по возилото“, рече Спасовски.
tamara-3
Сепак, утредента, односно во саботата, била во полициска станица за да го смени исказот. Таму кажала дека не возел Диме Спасов туку возачот од Министерството за труд и социјала, Марио Тавиќ (М.Т.). Како што кажала во полиција, претходната ноќ кога го давала првиот исказ била под стрес и затоа кажала дека возел Спасов.

Денеска, откако Спасов се појави на интервју на ТВ Нова, девојката повторно отишла во полициска станица. Тамара К. попладнево во полициска станица по трет пат го сменила својот исказ. Како што им кажала, таа во саботата кога го давала вториот исказ била под уште поголем стрес од вечерта кога се случувале бркотниците, па затоа рекла дека возел возачот, а не Спасов, но дека тоа не било вистина. Денеска во третата, засега последна верзија, кажала дека возел Спасов, како што тој претходно кажа во телевизиското интервју и дека биле нападнати.

Инаку, сопатничката на Спасов, Тамара К. е член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а според објавите во медиумите, таа работела во Владата, а од есенва таа е вработена на неопределено време, како референт во Службата за кадровски, правни и општи работи во ЕЛЕМ. Тамара се уште е студент на правниот факултет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com