HomeДЕНЕШНАПолитикаСопартијците на Зијадин Села искршиле наплатна рампа и истепале службеник

Сопартијците на Зијадин Села искршиле наплатна рампа и истепале службеник

patarina

Демолирана наплатната рампа Гостивар-Тетово вчеравечер околу 20:30 часот. Група засега непознати лица ја демолирале наплатната рампа и го повредиле службеното лице кое наплатувало. Според СВР Тетово, најверојатно станува збор за симпатизери на политичка партија кои патувале со автобус со скопски регистарски таблички. Неофицијално, насилниците биле симпатизери на Партијата за реформа на ДПА на Зијадин Села, кои оделе на митингот на партијата што вчеравечер се одржа во Гостивар.

Кога дошле до наплатната рампа на влезот во Тетово, не сакале да платат патарина па излегле од автобусот и почнале вербално да се расправаат со вработениот, 53 годишниот И.Р., по што и физички го нападнале, а на кабината од наплатната рампа бр.5 ги искршиле стаклата. По ова заминале, додека вработениот на патарината бил пренесен во тетовската клиничка болница каде бил задржан на лекување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com