HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка на патот Пехчево- Делчево, починат пешак

Сообраќајка на патот Пехчево- Делчево, починат пешак

Во сообраќајна несреќа која се случи синоќа на регионалниот пат Пехчево – Делчево почина пешак на 44-годишна возраст.Несреќата се случила во 20:15 часот, а покрај пешакот во сообраќајката учествувал автомобил марка „тојота“ со бугарски регистарски таблички, управуван од П.И (45) од Делчево, рекоа од полицијата за Телеграф.

Возилото удрило во пешакот кој починал на лице место. Сообраќајот до 22:05 часот бил во прекин, а потоа продолжил да се одвива нормално.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com