Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна несреќа во Битола – една жена загина

Сообраќајна несреќа во Битола – една жена загина

Утринава во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа кога возило Фолксвагед пасат удри во дрво, информираа од Основното јавно обвинителство.

Од силината на ударот на лице место животот го загуби совозачот, 44 годишна сопруга на возачот на автомобилот. Возачот, 49 годишен жител на Крани, преспанско со тешки повреди е пренесен во болница за добивање на медицинска помош.

Јавен обвинител заедно со екипи од МВР изврши увид на лице место и издаде наредби за земање на крв и урина од возачот, за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на телото на починатата.​