Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка кај кавадаречкото село Возарци – загина пешак

Сообраќајка кај кавадаречкото село Возарци – загина пешак

Во сообраќајна несреќа попладнево загина пешак кај кавадаречко Возарци, потврдуваат за МИА од МВР.

– Околу 14 часот на пат кон селото Возарци, на мостот на реката Црна, од страна на патничко моторно возило бил прегазен Н.С. од селото Дреново, роден 1959 година. Пешакот починал на лице место, соопштија од МВР.

Увидот на лице место е во тек.