Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна несреќа во Чаир – прегазено момче од Косово

Сообраќајна несреќа во Чаир – прегазено момче од Косово

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата Лазо Трповски во скопски Чаир.

Полицискиот извештај вели дека во околу 16.10 часот, автомобил со марка  „опел вектра“, кој го управувал лицето М. Ф. удрил во косовскиот државјанин Ариан П. кој се движел пеш. Пешакот веднаш бил однесен во Ургентниот центар, но за жал им подлегнал на повредите.

Екипата на Секторот за внатрешни работи го извршила увидот на местото на несреќата.