Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСообраќајна несреќа на регионалниот Кавадарци – Неготино

Сообраќајна несреќа на регионалниот Кавадарци – Неготино

Едно лице си поминало со полесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Кавадарци – Неготино.

– Во сообраќајката учествувале две возила со неготински регистарски ознаки од кои едното изгубило контрола и се превртило при што застанало на кров. Едно лице е со лесна повреда. Во едниот случај се работи за таксист, а во другиот момче кое од Кавадарци се враќало за Неготино, рече Герасим Петров, доктор во итна служба – Кавадарци.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, во 19.50 часот на регионалниот пат Кавадарци-Неготино кај населбата Глишиќ, патнички автомобил од засега неутврдени причини се превртел на коловозот и по кратко во него удрило такси возило.

– Според досегашните информации едно лице се здобило со телесни повреди и било бил однесено во Здравствен дом Кавадарци заради укажување лекарска пмош. Увид на лице место врши увидна екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци, вели Стојковска.

Поради сударот, вчера од 20 до 20.30 часот, сообраќајот на патот Кавадарци – Неготино беше во прекин.