Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево, двајца повредени

Сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево, двајца повредени

Денес попладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај исклучокот за селото Ново Село се случи сообраќајна несреќа. Според информаците од полицијата во неа учествувале две возила „мерцедес“, со скопски и охридски регистерски ознаки. По сообраќајката едниот од „мерцедесите“ удрил во автомобил „сеат ибица“ со скопски таблички.

Со две возила на итна медицинска помош во гостиварската болница се пренесени двајцата возачи на автомобилите „мерцедес“ кои се здобиле со полесни повреди.