Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна несреќа на патот Неготино – Кавадарци, повредени се четири лица

Сообраќајна несреќа на патот Неготино – Кавадарци, повредени се четири лица

Вчеравечер во 20:30 часот се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, близу месноста „Криво мовче“ во која со телесни повреди се здобиле четири лица.

Од полицијата утрово ги потврдија деталите околу несреќата. Се работи за две патнички и едно товарно возило.  Поради недржење на правец и страна на движење, патничко моторно возило „Фолксфаген голф” удрило во товарно моторно возило влекач „Ман” со полуприколка и патничко моторно возило “Опел корса”, кои му доаѓале од спротива, со што двајца патници во голфот и исто толку патници во опелот се здобиле со повреди.

По овластување на јавното обвинителство од Кавадарци, увидот на лице место го извршила екипата на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај на Неготино.