Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна несреќа на автопатот Петровец-Скопје

Сообраќајна несреќа на автопатот Петровец-Скопје

Повредени се три лица во сообраќајна несреќа која утрово околу 9 и 15 часот се случила на автопатот Петровец-Скопје пред клучка Хиподром.

Како што известува МВР, во оваа сообраќајка учествувале три возила од кои ,,Ленд Ровер’’ со тетовска регистрација, товарно моторно возило ,,Цитроен’’ со штипска регистрација и џип ,,Гранд Чироки’’ со скопска регистрација.

Повредените веднаш се пренесени во Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош. Екипа на полицијата која треба да изврши увид е веќе на терен а сообраќајот на тој дел од патот е во прекин.