Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна несреќа кај Лозово 2-годишно дете тешко повредено

Сообраќајна несреќа кај Лозово 2-годишно дете тешко повредено

Дете на две годишна возраст е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу пладне. Несреќата се случила на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес кон Штип. Сообраќајката се случила така што моторно возило „Тојота Јарис“ со скопски регистарски таблички возено од страна на Ч.Ц(72) од Скопје, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Во несреќниот случаj највеќе настрадал сопатникот на возачот, тоа било дете на две годишна возраст кое се здобило со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Клиничкиот центарво Штип детето е префрлено во Ургентниот центар во Скопје. Екипа од полициската станица во Свети Николе извршила увид на месетото на случајот и моментално се работи на целосно расчистување на немилосрдниот настан.