Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка во Тетово – 6 годишно дете потешко повредено

Сообраќајка во Тетово – 6 годишно дете потешко повредено

Шестгодишно дете од Куманово било потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 18 часот на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации во несреќата автомобил „БМВ“ со швајцарски регистарски таблички управуван од Л.Ф.(26) го удрил детето кое пешки го преминувало булеварот.

-Од ударот детето се здобило со скршеница на десната натколеница и повреди на главата и по укажаната права помош во тетовската клиничка болница било префрлено на скопските клиники, каде било задржано за натамошно лекување, рече Јосифовски.

Тетовската полиција по овластување на јавниот обвинител извршила увид на местото од сообраќајката и според првичните информации причина за несреќата е невнимателно преминување на улицата од страна на детето.