Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка на патот село Липково-Скопје, девојче од седумгодишна возраст се бори за живот

Сообраќајка на патот село Липково-Скопје, девојче од седумгодишна возраст се бори за живот

Девојче од село Матејче, Кумановско, на само седум години се бори за својот живот.
Според полицијата, тешка сообраќајна несреќа се случила околу 13 часот и 40 минути. Моторно возило марка “голф” удрил во паркиран автомобил, а потоа изгубил контрола и удрил во седумгодишно девојче кое слободно се движело по улицата.

Управувач на “голфот” бил жител од Матејче Е.С.(23).
Од несреќниот настан, девојчето се здобило со повреди во пределот на главата.

По настанот, девојчето е однесено во кумановската болница, но веднаш потоа е префрлено во Ургентниот центар во Скопје, поради сериозните повреди и истото моментално се бори за живот.

Од МВР пренесуваат дека полициски екипи извршиле увид на местото на настанот и ги утврдуваат причините за несреќниот случај.