Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСообраќајка кај мостот „Гоце Делчев“: Автомобил ја проби оградата

Сообраќајка кај мостот „Гоце Делчев“: Автомобил ја проби оградата

Тешка сообраќајна несреќа се случи во центарот на Скопје. Автомобил „Фиат Пунто“ ја пробил оградата на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Возачот се уште се наоѓа во автомобилот и не е позната неговата здравствена состојба. Противпожарните бригади и брзата помош веќе се на местото на настанот и работат на извлекување на возачот од автомобилот, кој за сега од непознати причина ја пробил оградата на мостот. Според некои сонанија, на шоферот наеднаш му се слошило па тој свртел десно и ја пробил оградата на мостот.

Фото: Позитив.мк