HomeДЕНЕШНАПолитикаСОНК тврди дека се води оркестрирана хајка – Платите во обрзованието не се намалени

СОНК тврди дека се води оркестрирана хајка – Платите во обрзованието не се намалени

sonk-pres-2

Синдикатот на образованието, науката и културата на денешната прес конференција посочи дека се води оркестрирана хаја и дека 1000 пати кажана лага се претвора во вистина, особено за наводите дека платите на наставниците се намалени и под договорените одредби.

sonk-pres-1

Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека веќе поранешен член на СОНК направил погрешна пресметка на платите во средното образование и пласирал невистини во јавноста.

– Ова е смислено, тенденциозно сценарио, обид за разбивање на единството во нашата организација . Се поставува прашањето ако спогодбата помеѓу СОНК и МОН е потпишана во 2014 година, зошто дури во 2016 година се реагира на не спроведување на спогодбата, рече Неделков.

СОНК тврди дека се лажни наводите за формирање на плати според коефициентите од колективните договори помножено со минималната плата поради што дел од медиумите тврдат дека вработените добиваат по 70 евра помалку на месечна основа.

sonk-pres-4

Генералниот секретар на СОНК Весна Неделковска посочи дека минималната и најниска плата се два различни термини, кои се однесуваат на две различни категории и корисници.

– Минималната плата во Македонија се утврдува со закон и има одреден од Владата и репрезентативните федерации на синдикатите и репрезентативните здруженија на работодавачи во Македонија. Најниската плата утврдена со колективните договори ја утврдуваат со спогодба потписниците на тие колективни договори. Во овој случај се работи за МОН и СОНК. Утврдената најниска плата за најнизок степен на сложеност по работно место се множи со соодветниот коефициент за секое работно место соодветно и не може да стане збор за еднаквост помеѓу минимална и најниска плата, рече Неделковска.

sonk-pres-3

Од СОНК сметаат дека со ваквиот притисок и постојаните лаги дека голем број на членови го напуштаат синдикатот само им се насочува штета на обрзовните работници и побараа од новинарите поголема одговорност во пренесување на информациите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com