Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСончево време со благо пониски дневни температури

Сончево време со благо пониски дневни температури

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност, со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 26 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец, чија максимална температура ќе достигне до 35 степени.