Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО: Сончево, но студено…

МЕТЕО: Сончево, но студено…

Денешново утро не очекува претежно облачно време во поголем дел од земјата. Низ котлините наутро е можна сосема слаба, краткотрајна магла, додека околу пладне се очекува поголемо разведрување. Сончево, речиси во текот на целиот ден ќе биде на повисоките места.

Во текот на денот ќе дува слаб, долж Повардарието повремено умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 4 до 12 степени.

Во Скопје се очекува ниска облачност наутро, но со тенденција на разведрување доцна претпладне. ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб умерен северен ветер.