Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСончево, но со локална облачност

Сончево, но со локална облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степена. Во Скопје сончево и топло време. Претпладне со мала облачност, а попладне со зголемена облачност. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти 17, а дневната ќе достигне до 33 степени.

УВ индексот ќе има вредност 7.