Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСончево и топло со температура до 24 степени

Сончево и топло со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од минус еден до четири, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од два до 20 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во овој период не се очекуваат негативни утрински температури.