Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСончева и умерено облачна сабота во Македонија

Сончева и умерено облачна сабота во Македонија

Според временската прогноза денеска во Македонија ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Попладне со услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено на југозапад и западните планински делови.

Утринските температури ќе се движат  во интервал од 13 до 21, а дневните од 25 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 19 и дневна до 35 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.