Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Сон, верба, љубов“ на Дуке Бојаџиев во Битола и Охрид

„Сон, верба, љубов“ на Дуке Бојаџиев во Битола и Охрид

Еден од нашите најдобри современи пијанисти и композитори, Дуке Бојаџиев, ќе одржи два концерта и ќе го промовира својот нов проект „Сон, верба, љубов“.

Проектот се состои од инкорпорирани композиции од филмовите “До балчак”, “Сенки” и “Војната заврши”, како и песни од неговиот албум „Љубовта е патот“ преплет од изворна, класична и филмска музика.

Настапите ќе се одржат на 7. август во Хераклеја, Битола и на 9. август во Античкиот театар во Охрид. Гости ќе бидат Исмаил Лумановски – кларинет, Тања Царовска – вокал, Мартин Ѓаконовски – контрабас, Мартина Блажеска – вокал, Костас Анастасиадис – перкусии и Владимир Крстев – стринг квартет.

Билетите се пуштени во продажба и чинат 400 денари.