Tuesday, May 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионСомнително лице на ИД во Турција, уапсен Белгијанец со мароканско потекло

Сомнително лице на ИД во Турција, уапсен Белгијанец со мароканско потекло

Под сомнение за пронаоѓање цели за екстремистичката Исламска држава од минатонеделниот терористички масакр во Париз, полицијата во Турција го уапси 26-годишниот Ахмет Дахмани, белгијанец со мароканско потекло, известуваат турските медиуми.

Припадниците на турската антитерористичка полиција го следеле Дахмани од моментот кога слетал на аеродромот во Анталија. Полицијата го уапсила Дахмани во луксузен хотел во Анталија каде што престојувал, а покрај него приведени се и двајца Сиријци под сомнение дека ги испратила ИД од Сирија за да обезбедат безбедно преминување на границата на Дахмани.