Tuesday, May 30, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионСомнителен куфер предизвика паника во Атина

Сомнителен куфер предизвика паника во Атина

atina

Грчката полиција била алармирана дека е откриен „сомнителен“ куфер во центарот на Атина, јави агенцијата АНА-МПА. Куферот бил забележан од страна на минувач во еден контејнер за смет во близина на седиштето на Унијата на грчките индустријалци.

По добиената информација за откриениот куфер, полицијата го блокрала реонот, каде пристигнале и експерти за пиротехника. По извршениот преглед било утврдено дека во куферот „нема ништо опасно“.