Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаСомнежи околу веродостојноста на гробницата на Филип Втори

Сомнежи околу веродостојноста на гробницата на Филип Втори

Грчкото Министерство за култура ја одби иницијативата за меѓународно истражување од страна на научници од Грција, Шпанија и Франција на гробот на македонскиот крал Филип Втори. Како што јави грчкиот сајт ин.њуз, ваквата иницијатива беше покрената откако група научници изнесоа мислење дека таткото на Александар Велики, Филип Втори всушност не е погребан во гробницата што ја откри грчкиот археолог Манолис Андроникос, туку во друга гробница во Кутлеш.

Во соопштението на Министерството се вели дека ваквите тврдења на научниците не можат да се сметаат за веродостојни, бидејќи тие анализирале само дел, а не сите коски откирени во гробнициата за која се смета дека му припаѓа на Филип Втори.
filip2_1Научниците што ја покренаа иницијативата за меѓународно истражување сметаат дека теоријата на Андроникос за гробот на Филип Втори е погрешна, нагласувајќи дека тој заклучил дека останките му припѓаат на македонскиот крал само врз основа на раната на откриениот машки скелет, за која сметал дека е последица на повредите што тој ги здобил во битката против скитскиот крал Атеј во 339 година пред новата ера.

Во посочената гробница се откриени и коски на едно новороденче и на жена на возраст од околу 18 години, за кои се смета дека им припаѓаат на младата сопруга на Филип Втори, Клеопатра и на нејзиното новороденче, за кои се претпоставува дека се убиени веднаш по смртта на таткото на Александар Велики.