Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСомнежи дека обесената девојка во затвор во Тексас е убиена

Сомнежи дека обесената девојка во затвор во Тексас е убиена

Америка е пред нов голем расистички скандал во кој Сандра Бленд е пронајдена обесена во затворската келија три дена по контроверзното апсење заради сообраќаен прекршок. Јавноста беше згрозена од насилната реакција на полицајците кои и се закануваа на Бленд да излезе од автомобилот или ќе ја застрелаат, по што има сомнежи дека била ликвидирана, а самоубиството со бесење е монтирано.

Окружниот затвор Валер од Тексас беше принуден да објави повеќе часа од безбедносните камери на кои е снимена Бленд за да докажат дека ништо лошо не и било направено при притворањето и воведувањето во келијата. Додека била затворена Бленд имала телефонски разговор со семејството и нејзината сестра Шерон тврди дека делувала нормално и среќно и немала причини да се посомнева во можноста да си го одземе животот.

Според токсиколошките наоди во крвта на Сандра Бленд е пронајдено присуство на марихуана што можеби влијаело во нејзината ментална состојба, но се уште е тешко да се процени. Властите од Тексас како и од Федералното истражно биро изјавија дека ќе ги разгледаат сите докази и ќе ја прошират истрагата за да дојдат до вистината.