Thursday, Oct 19, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионСолзавец против мигрантите на Лезбос – еден повреден

Солзавец против мигрантите на Лезбос – еден повреден

Полициските безбедносни сили употребија солзавец за разбивање на група од илјадници мигранти на грчкиот остров Лезбос, кои синоќа се обиделе да преминат преку безбедносната ограда и да се качат на траект, специјално ангажиран за превоз до Пиреја на пристигнатите бегалци на островот.

Во судирите е повреден еден бегалец, кој итно е пренесен во болница, соопшти полицијата.

Претходно, во текот на денот, стотици мигранти протестираа, скандирајќи „азил, азил“, пред главниот прифатен центар на островот, против бавната процедура за регистрирање, што го забавува нивното префрлање во Атина. Групата фрлала со камења кон полицијата.

„Предавници, не сакаме тука центар на криминалот, немоќни сте да ни обезбедите да ја напуштиме границата и да го напуштиме островот!“, изјавил еден мигрант на островот.