HomeДЕНЕШНАСветСолзавец и водени топови на демонстрантите во Анкара

Солзавец и водени топови на демонстрантите во Анкара

Полицијата во Анкара употребил солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти кои се обиделе да стигнат до главната железничка станица за да оддадат почит на стотици луѓе кои починале во нападите на Исламската држава минатата година. Наведувајќи ги безбедносните причини, властите ги забранија масовните собири на комеморацијата закажана за денес на првата годишница од двојниот самоубиствен напад против про-курдските мировни активисти пред споменатата станица.

Се работи за еден од најсмртоносните напади забележани во Турција во кој починааповеќе од 100 лица, а околу 500 беа повредени. Полицијата ги блокираше улиците кои водат до станицата и им забрани на демонстрантите да организираат марш, а некои дури и ги растера. Властите меѓутоа и дозволија на семејствата на жртвите и на некое претставници од цивилните групи да остават каранфили на местото на настанот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com