Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСолунскиот суд без преведувач – на одсегашната преведувачка 10 години не и платиле ниту евро

Солунскиот суд без преведувач – на одсегашната преведувачка 10 години не и платиле ниту евро

Бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски заедно со своите адвокати денес со часови чекале преведувач во судот во Солун. Откако не се појавил преведувач во судницата, судењето било одложено за 1 декември.

Фокус“ успеа да стапи во контакт со една од преведувачките на која што од судот во Солун и се јавиле уште кога Грујевски и Бошковски беа изведени пред судот за прв пат, во петокот, со цел да ја анагажираат како преведувач, но и тогаш ги одбила.

Таа инсистирала „Фокус“ да не го открива нејзиниот идентитет во јавност, од разбирливи причини, а за нашите читатели откри која е причината за немањето, односно чекањето на македонско – грчки преведувач.

– Знам за случајот, ми се јавија од Судот. Не отидов, им кажав дека имам работа. Не знам кој воопшто ќе оди да преведува, јас се откажав. Освен мене, има уште една преведувачка од македонски на грчки јазик и обратно. И таа, како мене, е со бугарско потекло – вели овластената судска преведувачка, која моментално се наоѓа на краток одмор во Италија.

Додава дека цели 10 години била анагажирана од судот во Солун, но не наплатила ниту евро за своите услуги.

– Кој да се занимава за без пари? Тие не плаќаат веќе десет години. Тоа сите го знаат. Јас не сум зела ниту едно евро за превод овие десет години. Сето ова што ви го кажувам е веродостојно – изјави таа.

Грујевски и Бошковски на 18 октомври беа уапсени на аеродромот во обид со лажни пасоши и идентитети да избегаат во Будимпешта. Веќе два пати им се одлага судењето поради недоаѓање на преведувач. Додека не се заврши судењето за лажните пасоши, нема да можат да бидат екстрадирани во Македонија.