Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСолунскиот суд ќе одлучува за екстрадицијата на Грујовски и на Бошкоски

Солунскиот суд ќе одлучува за екстрадицијата на Грујовски и на Бошкоски

Денеска судот во Солун треба да реши за екстрадицијата на Горан Грујовски и Никола Бошкоски, обвинети за уништување на документацијата во МВР. Тие пребегаа во Солун од каде што планирале да ја напуштат Грција со фалсификувани бугарски патни исправи.

Досега немаше пресуда за нив поради необезбеден преведувач на македонски јазик во Солунскиот суд.

Горан Грујевски и Никола Бошкоски се обвинети во предметот „Тврдина- Таргет“, што се однесува на незаконското следење на комуникациите преку злоупотреба на системите во МВР и за физичко уништување на дел од опремата со која било сторено кривичното дело.