Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСолун: Девојка добила оштета од 800.000 евра, по грешка ја заразиле со ХИВ

Солун: Девојка добила оштета од 800.000 евра, по грешка ја заразиле со ХИВ

Гркинка на возраст од 25 години ќе добие оштета од 800 илјади евра бидејќи при трансфузија на крв во болница во Солун ја инфицирале со ХИВ вирус.

Девојката на почетокот од месецот примила крв од случаен крводарител за кој подоцна се дознало дека бил заразен со ХИВ. Од истата крв примил и 76-годишен старец по извршена срцева операција.

Судот во Солун прогласи направена сериозна грешка на болничкиот персонал кој нанел сериозна грешка на пациентката, а крводарителот е осуден за загрозување на животот на други луѓе поради ненајава при дарувањето на крв дека е ХИВ позитивен.