Wednesday, May 24, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСолозобова и Броневецки со концерт на ,,Охридско лето"

Солозобова и Броневецки со концерт на ,,Охридско лето"

 

55то издание на фестивалот ,,Охридско лето” продолжува со својата музичка програма. Вечерва, во стандардниот фестивалски термин од 21 часот свој концерт во катедралната црква ,,Света Софија”

ќе одржат виолинистката Марија Солозобова и пијанистот Владислав Броневецки

Марија Солозобова (Русија, Швајцарија) е една од највпечатливите виолинистки на својата генерација. Нејзината кариера е во постојан подем. Активно настапува во некои од најпрестижните сали во светот како „Викторија хол“ во Женева, „Тонхале“ во Цирих, „Концертхаус“ во Виена, Големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва и други, каде што соработувала со голем број еминентни диригенти, меѓу кои Владимир Спиваков, Михаи Танг, Владимир Федосејев, Дејвид Зинман и многу други

Владик Броневецки (Шпанија) својата концертна активност ја започнува многу рано. Настапува низ Русија, а соработува и со некои од најпознатите руски оркестри. Дипломира на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, каде што се здобива со награда за најдобар студент што ја доделува оваа установа. Неговата „префинета техника“ и „суптилна интерпретација“ ретко видени дотогаш, го носат на некои од најзначајните фестивали и концертни сцени во светот

На програмата се дела од Брамс, Чајковски, Сен-Санс