Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСолистите на МОБ вечерва гостуваат во Дубровник

Солистите на МОБ вечерва гостуваат во Дубровник

Арии од операта „Кармен“ од Жорж Бизе ќе прозвучат во  Кнежевиот дворец во Дубровник, благодарение на солистите од Македонската опера и балет, во склоп на фестивалот „Дубровнички летни игри 2015“ .

mob slika 2

Со сцената ќе владеат: Ирена Кавкалевска-мецосопран (Кармен); Зоран Сотиров-тенор (Дон Хозе) Сандра Митровска-сопран (Микаела); Марјан Јованоски-баритон (Ескамилјо) Катерина Стојановска-сопран (Фраскита); Марика Поповиќ-мецосопран (Мерцедес) Дејан Стоев-тенор (Ремендадо) и Драган Ампов-баритон (Данкаиро).

Солистите на МОБ ќе бидат придружувани од страна на Дубровничкиот симфониски оркестар под диригенстка палка на  Маестро  Томислав Фаќини.

Почетокот е закажан за 21 часот