Tuesday, Jul 25, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСофтверската компанија Baracuda FX влегува во Македонија

Софтверската компанија Baracuda FX влегува во Македонија

Софтверската компанија Barracuda FX донесе одлука да започне свој бизнис во Македонија и да ангажира високо обучен кадар од областа на софтверското инжинерство. Barracuda FX работи со апликации за банкарски и финансиски трансакции и планира за почеток да ангажира 80 до 90 вработени со надеж дека ќе има успешна работа и за многу повеќе.

Во Македонија Barracuda FX ќе отвори центар за истражување преку кој ќе се откриваат потребите за нови софтверски решенија за финансиски институции, а ирската компанија ќе вложи 1 милион евра. Во присуство на вицепремиерот Пешевски од Barracuda FX истакнаа дека во Македонија инвестираат поради поволните услови и расположливиот кадар.