Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСофија пронајде и бугарско малцинство во Албанија

Софија пронајде и бугарско малцинство во Албанија

Дали соседна Бугарија ќе го користи измисленото бугарско малцинство во Албанија, за да поставува пречки на патот на нашиот западен сосед кон ЕУ, е прашање кое се наметна по изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева,  за наводно постоење на бугарско малцинство во Албанија

Бугарија е против разделувањето на Албанија и на Северна Македонија при започнувањето на преговорите за членство на двете земји во ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева по средбата со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.

Захариева посочи и дека „бугарското малцинство е уште една можност што Бугарија треба да ја искористи за да ѝ помага на Албанија“.

Можеби ќе ве интересира

– Бугарија е подготвена да го поддржи со наставници и учебници изучувањето на бугарскиот јазик од нашето малцинство во Албанија – изјави Захариева..

Захариева и Цакај на средбата разговарале за европската интеграција на Албанија и за можностите за зајакнување на билатералната соработка во областа на транспорот, економијата и туризмот, пренесува БГНЕС.