HomeДЕНЕШНАПолитикаСофија Куновска си поднесе оставка, но останува во партијата

Софија Куновска си поднесе оставка, но останува во партијата

Софија Куновска си поднесе оставка од функцијата Претседател на градска организација на СДСМ на денешниот Центарлниот одбор на партијата, но останува во партијата. Куновска која беше пратеничка во последниот пратенички состав ја нема на денешните листи, а неофицијално никој од градската организација не е на листста. Куновска рече дека дава оставка од свои лични и морални причини.

Според неофицијални информации, таа ја поднела оставката со образложение дека сака да ја заштити организацијата која ја претставува и која што очигледно е потценета. Политичкиот ангажман го продолжува во партијата во која, како што соопштила, посветено ќе дава придонес во кампањата за рушење на режимот на Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com