HomeГИГА БАЈТСмартфонСодржините на Netflix достапни и без интернет конекција

Содржините на Netflix достапни и без интернет конекција

netflix-1

Netflix ги израдува своите корисници кои се зависни од актуелните ТВ шоуа и серии и од денес ќе им овозможи да ги гледаат и додека немаат интернет конекција, на пример во моменти кога се на подолг пат во авион или пак мобилниот интернет им е лимитиран.

Новата можност на Netflix овозможува додека сте на Wi-Fi конекција да го симнете филмот или ТВ шоуто и потоа да го гледате и без да сте поврзани на интернет, со што изборот кој претходно беше многу ограничен сега значително ќе се зголемува. Овој новитет ќе важи за сите видови на месечни претплати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com