Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСочувство од претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган

Сочувство од претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска упати писмо со сочувство до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, по повод терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.

– „Со шок и огорченост ја примив веста за последниот терористички напад извршен на меѓународниот аеродром во Истанбул и искрено жалам за загубените животи од овој ѕверски акт. Во овие моменти на длабока тага во Република Турција, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да изразам искрено сочувство. Најостро осудувајќи го овој подмолен и насилен варварски чин, уверен сум дека единствен начин да се спротивставиме на оваа споделена закана е преку тесна соработка на целиот цивилизиран свет. Во отсуство на таквата неопходна соработка, никој и никаде нема да биде безбеден. Затоа, крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности. Ве уверувам дека во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и Ве охрабрувам одлучно да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на Вашите граѓани и поредокот на Вашата држава. Господине Претседателе, нашите мисли и молитви се со Вас и со семејствата на жртвите“, се вели во писмото со сочувство на претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган.