Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобраниските комисии го одобрија буџетот на специјалното обвинителство

Собраниските комисии го одобрија буџетот на специјалното обвинителство

Комисијата за финансирање и буџет го изгласа буџетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Без расправа и за само неколку минути беше усвоена предлог одлуката со која Специјалното обвинителство треба да добие околу 63 милиони денари, односно околу еден милион евра за последниот квартал од годинава.

Министерот за финансии Зоран Ставревски рече дека очекува одлуката да помине и на пленарна собраниска седница која се очекува да се одржи во понеделник.

На идентичен начин, експресно, предлог-буџетот помина и во законодавно-правната комисија. Од сумата која ќе ја добие Јанева најголем дел е наменета за:

-Основни плати во износ од 34.217.196 денари,
-Придонеси за социјално осигурување во износ од 12.778.232 денари,
-Договорни услуги во износ од 6.080.000 денари,
-Купување на опрема и машини во износ од 600.000 денари,
-Патни и дневни расходи во износ од 615.000 денари,
-Материјали и ситен инвентар во износ од 1.740.000

Јанева е се уште со преполовен тим. Завчера првиот човек на Советот на ЈО информираше дека Јанева го известила дека најверојатно ќе бидат оформени и нови предмети освен постоечките 28 во Скопското јавно обвинителство, па затоа повторно побарала комплетирање на нејзиниот тим.

Сепак Аневски го повтори првичниот став дека седум обвинители се доволен број за да почне со работа Специјалното обвинителство.