HomeДЕНЕШНАПолитикаСобраниска седница за буџетот и за распуштање на Парламентот

Собраниска седница за буџетот и за распуштање на Парламентот

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 125. седница на која треба да се расправа за донесување на Дополнетиот предлог Буџет на државата за 2017 година и за одлуката за негово распуштање за која предлози имаат доставено пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери и пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Пред одржувањето на седницата е закажана координација на пратеничките групи.

Предлогот за распуштање СДСМ образложи дека е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза и оти веќе почнале законските рокови за распишување избори. Според ДС, пак, со распуштањето на Парламентот ќе се создадат уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.

На координацијата на пратеничките групи се очекува да стане збор и за Шестата изборна единица, која има повеќе гласачи од дозволеното. од четирите најголеми партии во Парламентарната не најде решение за ова прашање.

По завршувањето на оваа седница, Собранието треба да ја одржи 122-та седница на која на дневен ред е Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com