Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието ќе расправа за законот за јазиците и интерпелациите на Тевдовски, Алаѓозовски и Дураку

Собранието ќе расправа за законот за јазиците и интерпелациите на Тевдовски, Алаѓозовски и Дураку

На својата 15. седница, Собранието на Република Македонија денеска ќе има полни раце работа, со неколку важни точки.

Предвидено е најпрвин да се дискутира за предлог-законот за употреба на јазиците, а потоа за минималната плата и за стечајците, сите во прво читање. На дневниот ред се и законот за употреба на македонскиот јазик, како и законот со кој ќе згасне титулата национален уметник.

На дневниот ред се и интерпелациите на министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, и на министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку. Сите три интерпелации се поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата почнува во 11 часот, а претходно Комисијата за политички систем и односи меѓу заедници ќе расправа за предлог-законот за јазиците, по што тој ќе биде прва точка на пленарната седница.