Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски

Собранието ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски

Предлогот на Владата да биде разрешен јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, денеска е првата точка на четвртото продолжение на шестата седница на Собранието на Република Македонија.

По претходните продолженија, кои ги одбележаа долги и не многу содржајни расправи од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од нејзината коалиција, се очекува во 11 часот денеска да почне расправата за владиниот предлог да се разреши Зврлевски.

Ако сè оди според деловникот, прво претставникот на Владата треба да го образложи предлогот, а потоа Зврлевски има право да се произнесе по тој предлог.

Вчера, на третото продолжение на седницата, со 91 глас „за“ и без ниту еден против и воздржан беше усвоена одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител и претседателот на Собранието, Џафери, ја отвори петтата точка од дневниот ред на шестата пленарна седница.