Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието ја врати иницијативата за породолното отсуство поради правни грешки

Собранието ја врати иницијативата за породолното отсуство поради правни грешки

Поради правните грешки во поднесената иницијатива со која се бара пролонгирање на породилното отсуство, таа не помина во Собрание, пишува „Фактор“.

Законодавно-правната комисија во Собранието иницијативата им ја враќа на подносителите да ја доработат бидејќи се направени пропусти и истата е неуредна.

Речиси сите партии во Парламентот ја одобруваат иницијативата но потребно е недостатоци во однос на формата на поднесување на барањето од страна на граѓаните да се отстранат.

„Увидот во доставената документација покажува дека има сериозни недостатоци во однос на формата на поднесување на барањето од страна на граѓаните. Постапката е започната на 29 март 2016 година како барање за организирање референдум со референдумско прашање. Подолу во истото барање се бара измена на Закон за породилно отсуство. И во образецот за собирање потписи за иницијативата даден по записник на ДИК стои дека се бара менување на Закон за породилно отсуство“, појасни претседателот на комисијата Петре Шилегов.

И од ВМРО ДПМНЕ ја поддржаа иницијативата а Антонио Милошоски рече дека очекуваат постапката да заврши најдоцна до јули и да биде преточена во изгласано законско решение .

Максим Димитриевски посочи дека конкретното барање е лошо адресирано и насочено, спротивно на тоа што треба да биде.

Предлогот на оваа иницијатива е породолното отсуство да се продолжи од 9 на 12 месеци за мајките кои ќе родат по едно дете, а за оние кои ќе родат близнаци или повеќе деца, породолното да трае 18 месеци.