Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието ја укина Комисија за лустрација

Собранието ја укина Комисија за лустрација

Собранието на Република Македонија денеска го констатираше престанувањето на мандатот на Комисијата за верификација на факти, односно таканаречената Комисија за лустрација.

Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека Комисијата за верификација на фактите врз основа на член 5 став 3 од закон за престанување на важење на Законот за определување услов за ограничување на вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработката со органите на држанвите безбедност, до Парламентот доставила информација за нејзината работа за периодот 15 јануари 2019 година до 31 август 2017 година и оти тоа информација до пратениците била доставена на 29 август.

Врз основа на таа информација, појасни Собранието а Република Македонија на првата наредна седница без претрес констатира дека мандаѕот на Комисијата за верификација на фактите престанува.