Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието го изгласа буџетот за 2016

Собранието го изгласа буџетот за 2016

Собранието пред полноќ го донесе Буџетот за 2016 година, со 66 гласови „за“, 28 гласови „против“ и без воздражни. По скратена постапка беше донесен и Законот за извршување на буџетот за 2016 година.

Пратениците од опозицијата гласаа против зашто сметаат дека буџет од 3,2 милијарди евра и највисок досега. За нив тој е неприфатлив зашто е нереален, неостварлив, неразвоен и нетранспарентен. Според СДСМ, државата има јавен долг од 4 милијарди евра, а новиот буџет ќе значи нови долгови и сиромашни граѓани.

Вкупните расходи во Буџетот за следната година се проектирани на 195,7 милијарди денари и се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176,8 милијарди денари, каде има зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година.

Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 процента. Со предвидените средства за финансирање на Буџетот, РМ ќе остане во зоната на умерено задолжени земји, односно Буџетот ќе се вклопи во среднорочната фискална стратегија.