Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието даде зелено светло за буџетот на Јанева, се уште фали половина тим

Собранието даде зелено светло за буџетот на Јанева, се уште фали половина тим

Катица Јанева ќе го добие бараниот буџет. Собранието на Република Македонија едногласно и без дебата го одобри буџетот за работа на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Согласно Финансовиот план, средствата во износ од 63.420.428 денари се наменети за непречено работење и автономно функционирање на Специјалното обвинителство за последниот квартал од 2015 година.

Финансиските средства на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наменети за исплата на средства за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислења од експерти, средства за професионално унапредување, средства за одржување на просториите и опремата, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.

Во меѓувреме, Јанева останува со само половина од бараниот тим, а Претседателот Петар Аневски изјави дека нема намера да закаже седница за барањето на специјалната обвинителка да бидат избрани уште 7 обвинители бидејќи специјалното обвинителство ќе постапува по над 30 предмети.