Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието да го реши проблемот на 100 професионални војници

Собранието да го реши проблемот на 100 професионални војници

Пратеничката Лилјана Поповска која во Собранието настапува како независна го поднесе предлог законот за решавање на статусот на преостанатите 100 професионални војници кои со претходните закони не добија вработувања и обезбедување на својот статус по извршувањето на воениот рок. Предлогот е подржан и од независните пратенички Роза Топузовска Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, како и од пратеничките групи на СДСМ, НСДП, ЛДП и ПДТ.